Saturday, May 14, 2011
Златните години на Биталсите (1963–1974)
До крајот на 1962 год.,Британската рок сцена заживеала со големи групи како Биталси кои беа под големо влијание на Американската соул музика , ритам блуз и сурф музиката. На почетокот, тие изведуваа стандардни Американски тонови како на пример твистот кој го играле танчерите. Потоа,овие групи почнале да изведуваат нивни оригиналнини рок композиции со многу посложени музички идеи и различни звуци. Во средината на 1962 год. се појавиле Ролинг Стоунс (Rolling Stones)кои биле под силно влијание на бузот како и бендовите Анималс (The Animals)и Јардбирдс (The Yardbirds). Во текот на 1963 год. Биталсите и другите групи како Срчерс (The Searchers) и Холис (The Hollies)постигнале голема популарност и комерцијален успех во Британија. Британскиот рок станал популарен во САД во јануари 1964 година со успехот на Биталси. Првиот хит на бендот беше ,,I Want to Hold Your Hand" кој се најде на Билборд Хот 100 листата со што почнала Британската инвазија во америчките музички топ листи. Песната влегла во листата во 18 јануари 1964 година и била на 48 место,а само за 7 недели се искачила на 1 место и таму се задржала 15 недели. Нивното прво појавување на Шоуто на Ед Суливан на 9 Фебруари се смета за пресвртница во Американската поп култура. Преносот на Американската телевизиска програма во живо го гледаа 73 милиони гледачи. Биталсите станале најпродавани рок бендови на сите врамиња , а нив ги следеле и голем број Британски бендови. Во следните две недели , Чад и Џими , Питер и Гордон , Анималс , Менфред Менн, Петула Кларк, Фреди и бендот Дримерс , Вајн Фонтана и Миндбендерс , Херманс Хермитс , Ролинг Стоунс , Трогс и Донован имале еден или неколку хитови на прво место. Меќу другите изведувачи кои биле дел од инвазијата се нашле и Кинкс и Дове Кларк Фајв. Изведувачите од Британската инвазија исто така го држеле првото место и во Британија. Со британската инвазија, рокенролот почнал да се издава насекаде низ светот со што се отвори вратата за Британски (и Ирски ) изведувачи кои постигнале меѓународен успех. Во Америка се ставил крај на инструменталната сурф музика,вокалните женски групи и тин-идолите кои доминирале на Американските топ списоци во доцните 1950-ти и 1960-ти години. Исто така пропаднале и кариерите на R&B изведувачите како Фетс Домино (Fats Domino) и Чаби Чекер (Chubby Checker) па дури се згрозило и местото на топ листите на познатите рокенрол изведувачи, вклучувајќи го и Елвис. Британската инвазија играла важна улога во создавањето на различни жанрови на рок музиката и ги зацврстила на рок групите кои свиреле на гитари и на тапани и сами си ги пишувале текстовите првото место.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment