Saturday, May 14, 2011
Фолк рок
До 1960-тите години, на америчко тло се развила музика која многу се разликувала од фолклорната музика. Всушност, се свирела традиционална и новокомпонирана музика во традиционален стил често со акустични елементи. Претставници на овој тип на музика биле гр.Џон Баез и Боб Дилан. Во Америка овој жанр за прв пат го воведле имиња како Вуди Гитри и Пит Сигер и често се поисоветувл со прогресивната или работничката политика.Во раните 1960-ти години, музичари како Џоан Баез и Боб Дилан избиле на чело на ова движење како пејачи – текстописци. Дилан почнал да ја привлекува публиката со хитовите од 1963,, Blowin' in the Wind” и ,,Masters of War” со што ,, песните на протест ” биле достапни до пошироката публика, но, иако почнале да имаат меѓусебно влијание , сепак рок и фолк музиката останале различни жанрови и не ја делеле истата публика. Групата Анималс имале рани обиди да комбинираат фолк и рок елементи со песната ,, House of the Rising Sun" од 1964 година што воедно била и првата фолк музика која се снимила со рокенрол инструменти и која што доживеала комерцијален успех. Исти бил и случајот со песната ,, I'm a Loser’’ на Биталси во 1965 година и се сметало дека ова е прва песна на Биталси која била под дирекно влијание на Дилан. Се смета дека фолк-рок движењето започнало со снимањето на песната ,,Mr. Tambourine Man" на Боб Дилан која се нашол на врвот на листите во 1965 година. Подоцна, истата година ,Дилан почнал да користи електронски инструменти во песната ,, Like a Rolling Stone"која санала хит сингл во САД . Многу фолклорни пуристи не го одобрувале ова мешање.Фолк- рок музиката, особено била застапена во Калуфорнија и придонесла за тоа изведувачите како Мамас и Папас и Крозби, Стилс и Неш да се префрлат на електронски инструменти . Во Њујорк каде почнале да се појавуваат изведувачи како Ловин Спунфул и Сајмон и Гарфанкел.Подоцнежната акустична песна ,, Sound of Silence" ,на која се направил ремикс со рок инструменти , била прва од многуте хитови. Овие изведувачи имале дирекно влијание врз Британските изведувачи како Донован и Ферпорт Конвеншн. Во 1969 година Ферпорт Конвеншн престанале да изведуваат песни кои настанале со влијанието на Боб Дилан и почнале на да свират Англиска фолк музика со електронски инструменти. Овој електронски фолк го создадале бендовите Пентигл(Pentangle), Стилак Спан(Steeleye Span) и Албион Бенд(The Albion Band) и придонесле за тоа во 1970-тите години Ирските групи Хорслипс (Horslips) и шкотските изведувачи ЏСД Бенд (JSD Band), Спенсерс Фит(Spencer's Feat) и подоцна и групата Фајв Хенд Рил(Five Hand Reel) да ја користат нивната традиционална музика за да создадат бренд на Келтски рок . Фолк -рок музиката, својов врв на комерцијална популарност , го достигнала во периодот помеѓу 1967/1968 година. Потоа многу изведувачи почнале да прават некои веријации меѓу кои и Дилан и групата Бјордс кои создавале кантри- рок. Сепак ,се смета дека спојувањето на фолкот и рокот играло најголема улога за развојот на рок музиката, вметнувајќи елементи на психооделија. Исто така го потпомогнало и создавањето на пејачи-текстописци , песни за протест и концептот на ,,автентичност”.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment