Saturday, May 14, 2011

,,Меѓу - периодот’’


Периодот на доцните 1950-ти и раните 1960-ти, времето помеѓу крајот на првичниот период на иновација и ,како што беше познато во САД, на ,, Британска Инвазија’’ , традиционално се сметал како ера на застој на рокенролот. Многу често голем број на автори ставаа акцент на важните иновации и трендови во овој период без кои идниот развој не би бил возможен. Рокенролот не исчезна на крајот на 1950-тите години и може да се каже дека една од неговите движечки сили претставива твистот кој се појави во раните 1960-ти години со појавувањето на Чаби Чекер (Chubby Checker).Со појавата на женски групи како Шантелс,Ширелс (Shirelles) и Кристалс се стави акцент на усогласувањето и чистата продукција која што била многу поразлична од таа на раниот рокенрол. Некои од најголемите хитови на женски групи биле дело на Брил Билдинг Саунд (Brill Building Sound),кои што го добиле името по блокот во Њујорк каде што се наоѓале многу композитори.Првиот хит на Ширeлс (Shirelles) ,, Will You Love Me Tomorrow’’ станал многу популарен во 1960 година,а го создале партнерите Гери Кофин и Карол Кинг. Првиот Британски рокенрол хит е песната ,, Move It’’ на Клиф Ричард која била компонирана во стилот на британскиот рок. На почетокот на 1960-те години , неговата група Шедоус (The Shadows) била најуспешната група според бројот на снимани инструменталки. Додека рокенролот се претворал во обична поп и баладична музика ,британските рок групи, кои биле под влијание на блуз-рок изведувачи како Алексис Корнер,почнаа интензивно да свират по клубовите, што не беше случај со белите американски изведувачи. Исто така многу важна била и појавата на соул музиката како најголема комерцијална сила. Овој тип на музика произлегла од ритамот и блузот со додавање на госпел и поп музиката. Од средината на 1950-тите години, Рај Чалс и Сем Куки како и музичарите кои се појавиле во 1960-тите како Марвин Гај,Џејмс Браун, Арета Франклин , Куртис Мејфилд и Стиви Вондер изведувле ваков тип на музика со што доминирале на R&B топ листите ,додека пак Мотовн и Стакс/Волт Рекордс станаа водечки сили во индустријата за снимање.Сите овие елементи , вклучувајќи ги блиските хармонии на доо воп и женските групи , мајсторски напишаните песни на Брол Билдинг Саунд и вредностите на чистата продукција на соул музиката , имале големо влијание врз работата на Марсејбит (Merseybeat) ,а особено врз почетоците на групата Биталси,а преку нив и врз формата на подоцнежната рок музика.

No comments:

Post a Comment