Tuesday, May 31, 2011

Guns N Roses

Guns N Roses (понекогаш познати само по кратенката GN’R) се хард рок бенд основан во Лос Анџелес, Калифорнија во 1985 година. Guns N Roses со нивниот уникатен стил ги соединија панкот, блузот и треш металот во уникатен стил којшто беше доминантен во тоа време - хер метал. Овој контроверзен бенд од своето основање до денес има поминато низ доста промени во составот. Има издадено шест студиски албуми и еден албум во живо за време на своето постоење. Фановите понекогаш ќе го скратат името Guns N’ Roses во the „Gunners“.


Настанување на бендот

Токму во времето кога во поп музиката владееше денс звукот и поп металот Guns N Roses на сцена основниот, силен и грд рок ен рол. Бендот (во свое оригинално издание) е составен од Аксл Роуз (вокал), Слеш (главна гитара), Изи Стредлин (ритам гитара), Даф Мекејган (бас гитара) и Стивен Адлер (тапани). Guns N Roses ги донеa гитарските рифови вредни за споредба со Aerosmith и The Rolling Stones, додека Аксл веродостојно ги опишуваше своите приказни за сексдрога и апатија во големиот град, сето поткрепено од одлична ритам секција на Даф и Стивен. Со Appetite for Destruction, најпродаваниот деби албум во историјата, Guns N Rosesстекнаa статус на ѕвезди во доцните 80-ти добиени со хард рок и хедонистичка бунтовност што малку присеќава на почетокот од Ролинг Стоунс. Комбинирајќи хеви металтехнологија со панк став, Guns N Roses предизвика обвиненија за разновидните фанатизми, но фасцинираа со музика полна со бес која беше како нарачана на неразвите емоции на хард рокерите, публика составена пред се од млади белци во своите дваедесети.

Членови

Воспитан во работничко семејство во ИндијанаАксл Роуз веќе откажан од средно училиште додека да наполни свои 20 години веке имаше полициско досие коешто влкучуваше обвиненија за јавно конзумирање алкохол, крадење и допридонес за малолентна деликвенција. Фан на ElO и Queen, пејачот се спријателува со гитаристот Изи Стредлин и двајцата ги здружуваат силите во Лос Анџелес во раните 80ти и основаат бенд. Комбинација на името од двата бенда од кои настанува Guns N Roses претставува соединување на Hollywood Roses и L.A Guns (бенд составен од гитаристот Слеш, роден во Англија, и басистот Даф чиешто полициско досие исто така не е празно и соджи повеќе кражби на автомобили. Долгогодишниот пријател на Слеш, тапанарот Стивен Адлер jа дополнува групата и Guns N Roses какви што ги знаеме настануваат. (Aлудирајќи на нивната навика за конзумирање алкохол и хероин, нивните постери ја содржеа пораката „Addicted: Only the Strong Survive“.

Aлбуми

Oткако незавсно од некоја продуцентска куќа до издадоа своето демо, Guns N Roses потпишаа договор со Geffen во 1986, и со Мајк Клинк како продуцент, го издадоа Appetite for Destruction. Свирејќи како предгрупа за Аеrosmith, бендот собра солидна група на фанови, и во септември 1988 со помош на спотовите Sweet Child O’ Mine и Welcome to the jungle кои се вртеа по MTV, албумот гостигна прво место како најпродаван албум. На првото место беше пет недели, а беше застапен по топ листите скоро три години.
Нареден албум беше GN’R Lies, топ-5 албум којшто ги комбинираше песните од демо албумот со нови песни, најпознато „Used to love her“ чијшто рефрен пееше: „But I had to kill her“. Исто така песна којашто донесе многу контроверзија беше „One in a million“ која што пееше за многу „faggots“, „immigrants“ и „niggers“. Проследени со ваквата контроверзија бендот растеше надминувајќи ги до тогаш видените размери. Во 1988 двајца фанови умреа во бунт предизвикан во публиката на концертот Monsters of Rockодржан во Англија, и додека групата собираше сè повеќе и повеќе фанови Аксел излета со шокантна вест на сцена. „Уживајте во шоуто, ќе ни биде последно“. Mногу критичари сметаа дека ова беше наменето за Слеш којшто во моментот страдаше од зависност кон многу нелегални супстанци. Извештаи за користење на хероин од страна на Роуз, Адлер и Страдлин излегоа во јавноста, и Стивен Адлер беше отпуштен поради тоа што не беше во состојба да ја остави оваа нелегална навика.
Во 1990 бендот свиреше на at Farm Aid IV и исто така ја прерабти одличната Knockin’ on Heaven’s Door“ на Боб Дилан, придонесе за саунтракот на Days of Thunder, го издаде ремек делото „Civil War,“ а и учествуваше во проектот Nobody’s Child, којшто требаше да им помогне на Романските сирачиња. Слеш и Даф не останаа неангажирани и свиреа на Brick by Brick заедно со Иги Поп. Слеш снимаше со Мајкл ЏексонБоб ДиланЛени Кравиц и учествуваше во трибјутот за Лес Пол. Но 1990 година со себе донесе и одредена регрупација на бендот со тоа што новиот тапанар Мет Сорум, поранешен тапанар на The Cult, со себе го донесе и Дизи Рид којшто свиреше клавијатура. Наредната 1991 беше дури уште поголем успех за групата. G n’ R ја започнаа својата најголема до тогаш светска турнеја и ја издадоа „You Could Be Mine“ (#29, 1991) песна којашто може да се најде на саундтракот за Терминатор 2. Но следеа и проблеми. Аксл се ожени со Ерин Еверли, ќерка на Дон Еверли oд Everly Brothers, но бракот траше само три недели и беше проследен со повеќе оптужби за физичко насилство. Аксл исто така беше приведен во St. Louis, по неговото излетување од сцената за да ја одземе камерата на еден фан и физичото пресметување со него. Против него беа покренати четири тужби за напад на физичко лице и една тужба за оштетување на сопственост. Тој се произнесе како невин за инцидентот по кој следеше масовна гужва во која шеесет луѓе беа хоспитализирани, целокупната опрема на бендот беше уништена или украдена а салата во која свиреа претрпе штета од двесте илјади долари. На Alx му беше наредено да посетува психотерапија (за време на која се откри дека бил физички злоставуван од неговиот татко) но тоа не ги спречи G n’ R да ги издадат Use Your Illusion I и Use Your Illusion II, легендарини албуми кои станаа платинум продавани.
Поради растечката тензија со фронтменот Аксл, Изи Стредлин го напушти бендот и основа свој нов бенд, the JuJu Hounds. Негова замена беше Гилби Кларк од Candy и Kills for Thrills. Бендот за започна својата 28 месечна турнеја.
Од позначајните настани во 1992 година можат да се издвојат наградата MTV Vanguard Award и учеството во трибјутот за Фреди Меркјури, концерт против сидата којшто беше пренесуван преку сателит и собра најголема публика во историјата на музиката. Во 1993 година Гн’Р го издадоа The Spaghetti Incident?, албум којшто содржеше песни коишто навраќаа на старите корени на Guns N’ Roses и коишто беа повеќе панк ориентирани. Особено една од нив зборуваше за Чарлс Менсон, за која бендот беше многу критикуван.

Последни денови

Во 1994 година се слушаа гласини дека бендот се растурил. Гилби Кларк издаде соло албум наречен Pawn Shop Guitars, а на крајот на годината Слеш го создаде својот „Snakepit“ (којшто сè уште е актуелен) и сними соло албум на којшто свиреа и членовите на Guns N’ Roses Гилби Кларк и Мет Сорум, а имаше и надворешни членови како што се Мајк Инез, од Alice in Chains и Ерик Доувер од Jellyfish којшто беше главен вокал.
Ниту еден од овие соло проекти не привлече значајна публика од фановите на Guns N Roses и бендот полека се распаѓаше. По долги убедувања Слеш ги препиша правата на бендот и рифовите на името на Аксл Роуз, за што подоцна ќе зажали. Гилби Кларк беше отпуштен. Слеш го напушти бендот, поради несогласувања со главниот вокал Аксл Роуз и изјави дека имало многу креативни разлики во бендот и дека Аксл инсистирал на додавање на електронски елементи во музиката на Guns N Roses. Со изминувањето на годините и Мекејган и Сорум заминаа.

Денови на популарност

Во 1990 година Guns N Roses се вратија во студио за да започнат со снимање на нивниот најамбициозен и многу очекуван албум, Use Your Illusion. Taпанарот Стивен Адлер, поради неговите преголеми зависности кон кокаин и хероин, не можеше да го одржи забрзаното темпо. За време на снимањето на песната „Civil war“ направи многу грешки поради што песната мораше да се преснимува околу 30 пати. Како резултат на ова Adler беше отпуштен во јули 1990 година и беше заменет од Мет Сорум, за кој пак, Аксл Роуз изјавува дека е спасител на бендот. Неколку месеци подоцна Дизи Рид станува шестиот член на Guns N’ Roses на клавијатура. Бендот го отпушти и нивниот менаџер, Алан Нивен, и го заменија со Даг Голдстин во мај, 1991 година. Наводно, според сторија во магазинот Rolling Stone, Аксл Роуз го иницирал отпуштањето на нивниот поранешен менаџер, со тоа што одбивал да го заврши албумот доколку тој не биде заменет.
Со доволно материјал за два албума, Use Your Illusion 1 и Use Your Illusion 2 излегоа на 17 септември, 1991 година. Ваквата тактика се покажа како успешна затоа што албумите ги заемаа првото и второто место на сите топ листи, со што се постави рекорд, а Guns N’ Roses беа единствениот бенд што го има постигнато ова. Албумите беа на топ листите цели 108 недели.
Guns N’ Roses ги дополнија албумите со многу видеа, како што се „Don’t Cry“, „November Rain“, „Estranged“ – некои од најскапите видеа во музичката историја воопшто. Хит баладата „November Rain“ стана најбарано видео на MTV, и во 1992 година беше добитник на наградата МТV Video Music Award за најдобра кинематографија. Исто така е најдолгата песна којашто испеала да се најде на Top Ten листата на MTV, и трае неверојатни 8:56 секунди. За време на церемонијата на MTV Music Award бендот ја изведе оваа песна со поддршка од Елтон Џон на пијано.
Пред и после издавањето на албумите, Guns N Roses ја започнаа својата 28 месечна Use Your Illusion турнеја. Оваа турнеја остана позната и поради нејзиниот финансиски успех и поради многуте инциденти, и контроверзии кои беа присутни на свирките и е најдолгата турнеја во историјата на рок музиката до ден денес

No comments:

Post a Comment