Friday, May 6, 2011

Биографија

Рок музика е форма на популарна музика со проминентна вокална мелодија, придружена со гитаратапани и бас гитара. Многу стилови на рок музиката користат и клавијатурни инструменти, како што се пијаното и синтисајзерите. Други инструменти кои поретко се искористени во рокот се саксофонхармоникавиолинафлејтатимпани и др. Рок музиката има силно темпо и често се фокусира околу гитара, електрична или акустична.
Рок музиката своите корени ги има во 1940-те и 1950-те форми на рокенролот, кој еволуирал од блузкантри музиката и други влијанија.
Во доцните 1960-ти, рок музиката се соединила со фолк музиката за да создаде фолк рок, со блуз за да создаде блуз роки со џез за џез-рок фузија. Во 1970-те, рокот примил влијанија од соулфанк и латино музиката. Исто во 70-те, рокот добил голем број на поджанрови, како што се софт рокхеви металхард рокпрогресивен рок и панк рок. Рок поджанровите кои се појавиле во 1980-те вклучуваат синтпопхардкор панк и алтернативен рок. Во 1990-те, нови рок поджанрови се гранџ,бритпопинди рок и ну метал.
Група на музичари специјализирани во рок музика се нарекува рок бенд или рок група. Многу рок бендови се состојат од гитаристпејачбас гитарист и тапанар, формирајки квартет. Некои групи користат пејач кој истовремено свири на инструмент додека пее, притоа формирајки трио; други вклучуваат двајца или еден ритам гитарист и некој кој свири на клавијатура. Многу ретко, групите користат жичени инструменти како што се виолина или виолончело и/или дувачки, какосаксофонтруба или тромбон.

No comments:

Post a Comment