Saturday, May 14, 2011

Рокенрол


Основа на рок музиката е рокенролот кој се појавил во САД во доцните 1940-ти и во 1950-ти години и за брзо време се прошири низ целиот свет. Рокенролот дирекно се создал со мешање на различни музички жанрови кои биле популарни во тоа време како што е ритамот и блузот,госпел музиката (црковна музика која ја изведуваат црнци) како и кантри и западната музика. Во 1951 година , диџејот Алан Фид (Alan Freed) од Кливленд ,Охајо започнал да свири ритам и блуз музика за луѓето од публиката кои биле од различни раси и се смета дека тој прв го употребил терминот ,,рокенрол’’ за да го опише тој тип на музика.Постојат големи расправии за тоа која е првата рокенрол снимка. Се смета дека тоа е ,, Rocket 88’’ на Џеки Бренстон и неговата група Делта Кетс (Delta Cats) (всушност Ајк Турнер и неговиот бенд Кингс оф ритам (The Kings of Rhythm). Во 1951 година, оваа песна ја снимил Сем Филипс од дискографската куќа Сан Рекордс. По четири години песната ,, Rock Around the Clock’’ на Бил Хејли од 1955 год. станала првата рокенрол песна која се нашла на врвот на листата на списанието Билборд и со тоа ја широко ја отворила врата за новиот бран популарна музика. Списанието Ролинг стоун, во 2004 година, објави дека ,, That's All Right (Mama)", првата песна Елвис Присли снимена за Сан Рекордс од Мемфис во 1954 година е првата рокенрол снимка. Исто така се тврди дека, во тоа време песната на Биг Џои Турнер ,, Shake, Rattle & Roll’’ веќе била на врвот на Билборд R&B листата. Други изведувачи кои ги направиле првите рокенрол хитови се Чак Бери ,Бо Дидли , Фетс Домино , Литл Ричар , Јери Ли Луис и Џен Винсент. За брзо време рокенролот станал најпопуларна музика која се снима во Америка и се појавиле изведувачи на љубовни песни како Еди Фишер , Пери Комо и Пету Пејџ кои доминирале во претходните декади на популарна музика и се пласиралена најзначајните поп листи.
Рокенролот се смета за основа на голем број други под жанрови вклучувајќи го рокабили , комбиниран рокенрол со ,,селската “ кантри музика. Овој тип музика најмногу го изведувале и го снимале бели пејачи како Карл Перкинс , Џери Ли Луис , Бади Холи и ултрапопуларниот Елвис Присли во средината на 1950-тите години.Во овој период многу популарна станала електронската гитара , а исто така се развил и еден посебен стил на рокенрол што го изведувале музичари како Чак Бери,Врска Рај и Скоти Мур. Во Велика Британија , традиционалните џез и фолк движења донесле и визитинг-изведувачи на блуз музика. Песната на Лони Донеган ,, Rock Island Line" од 1955 година имала многу големо влијание и придонесла за тоа да се развие тренд на скифл( комбинација на џез и фолк музика популара во 1950-тите год.) групи низ земјата од кои многу , вклучивајќи ја и The Quarrymen на Џон Ленон, продолжија да изведуваат рокерол. Како секогаш, критичарите первидувале пад на роенролот кон крајот на 1950-тите и раните 1960-ти години. Во 1959 година ,со погинувањето на Буди Холи , Големиот Танчер и Ричи Валенс во авионска несреќа, заминувањето на Елвис во војска,повлекувањето на Литл Ричард за да стане свештеник , прогонувањето на Џери Ли Луис и Чак Бери и избивањето на скандалот за поткуп ( каде што беа вмешани големи имиња како Алан Фред (Alan Freed) за мито и корупција за промовирање на сопствените изведби или песни) се сметало дека се ближи крајот на почетната ера на рокенролот.

No comments:

Post a Comment