Saturday, May 14, 2011
Блуз-Рок
Иако британската инвазија на американската популарна музика започнала со R&B изведувачите сепак, ова движење го прифатиле британските бендови кои припаѓале на вториот бран и нивната инспирација ја црпеле дирекно од америчкиот блуз. Меѓу нив спаѓаат и Ролинг Стоунс и Јардбирдс (Yardbirds) . Музичарите на британскиот блуз од доцните 1950-ти години и раните 1960-ти години биле инспирирани од акустичните изведби на личности од калибарот на Лид Бели (Lead Belly) кој , пак , бил под силно влијание на движењето Скифл(Skiffle) и Роберт Џонсон. Тие почнале да применуваат многу гласни звуци кои произлегувале од електронска гитара, врз основа на блузот од Чикаго. Тоа особено се случувало по Британската турнеа на Муди Ватерс (Muddy Waters) во 1958година.Поради трнеата Кирил Дејвис (Cyril Davies) и гитаристот Алексис Корнер добле инпирирација да го формираат бендот Блуз Инкорпорејтед (Blues Incorporated). Овој бенд вклувал и инспирирал многу изведувачи од британскиот блуз-бум , вклучувајќи ги членовите на Ролинг Стоунс и Крим , кои го мешаа стандардниот блуз со инструментални форми на рок. Многу важно име за британскиот блуз е Џон Мајал (John Mayall) основач на групата Блузбрејкерс (Bluesbreakers). Меѓу членовите на оваа група биле и Ерик Клептон (откако си заминал од Јардбирдс (Yardbirds)) , а подоцна се приклучил и Питер Грин. Особено важно било снимањето на албумот на Блуз Брејкерс со Ерик Клептон (Беано) во 1966 година кој се сметал за еден од највлијателните снимки на британски блуз. Звуците на овој албум се рашириле од Велика Британија во САД. Ерик Клептон подоцна ги формирал и супергрупите Крим, Блајнд Фејт и Дерек и Доминос. Исто така, тој доживеа и прекрасна соло кариера која била одлучувачка за популарноста на блуз-рок. Во доцните 1960-ти години Џеф Бек, исто така поранешен член на групата Јардбирдс со неговата група Џефбек Груп (The Jeff Beck Group), го насочил блуз-рокот кон хеви –рок. Последниот гитарис на Јардбирдс , Џими Пејџ ја формирал групата Њу Јардбирдс кои за брзо време се преименувале во Лед Цепелин и нивните почетоци се вртеле околу адаптирањето на стандардите на блузот. Многу од песните од нивните први три албуми отстапувале од традиционалните блуз песни. Америчкиот блуз-рок се појавил во раните 1960-ти год.,со гитаристот Лони Мек, но опстанал само до средината на 1960-тите год. затоа што изведувачите почнале да го применуваат британскиот блуз.Меѓу најважните изведувачи се вбројувале Пол Батерфилд , Канид Хеат , Џеферсон Ерплејн , Џенис Џоплин , Џони Винтер , Џ.Геилс Бенд и Џими Хендрикс со неговото моќно трио Џими Хендрикс Експириенс и Бен оф Џипсис кои со виртуозната гитара и моќните настапи се нашле меѓу најпопуларните на декадата. Бендовите на блуз-рок како Алман Брадерс Бенд , Лајнјрад Скајнјард и секако ЗЗ Топ од јужните држави во нивниот стил вметнале кантри-елементи и со тоа создадале различен Јужначки рок.Раните блуз – рок бендови често користеле џез, свиреле долги и правеле некакви импровизации кои подоцна ќе станат основните елементи за прогресивниот рок. Од 1967 година, бендовите како Крим и Џими Хендрикс Експириенс почнале да се оддалечуваат од чистата блуз музика и да се насочуваат кон псикоделичност. До 1970-тите години блуз – рококот станал појак и пооштар и него го извдувале Лед Цепелин и Дип Прпл и постоела видлива граница меѓу блуз –рок и хард рок со тоа што бендовите почнале да снимаат албуми во рок стилови.Овој жанр во 1970-те години го продолжиле имиња како Џорџ Дорогуд и Пет Траверс ,но бендовите почнале да се наочуваат кон хеви метал , особено на Британска сцена (со изклучок на групата Статус Кво и Фогат кои се насочиле кон форми со висока енергија и повторлив буги рок.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment