Saturday, May 14, 2011
Поп- рок
Терминот поп се употребувал од почетокот на XX век и се однесувал, општо, на популарната музика.Од средината на 1950-тите години почнал да се користи за означување на различни жанрови на младите. Често се сметало дека всушност е понежна варијанта на рокенрол. По Британската инвазија , од околу 1967 година, поп музиката биле сосем различна од рок музиката и имала покмерциална, ефемерална и пристапна форма. Спротивно на тоа , рок музиката , била насочена кон поважни работи ,како издавање албуми и често се поврзувала со под- култури (против културата), се ставало акцент на вредностите и ,,автентичноста” на изведувачите ,изведбите во живо и инструментална или вокална виртуозност. Сепак , поп и рок музиката имале многу сличен звук, инструменталност, па дури и слична содржина на текстот. Термините,,поп-рок’’ ,,моќен поп” се користеле за да се ослика поголемиот комерциален успех на музиката која употребувала елементи од рок музиката или ја имала формата на рок музиката. Поп-рок музиката се дефинирала дефинирана како ,,поведра варијанта на рок музиката и нејзини претставници биле изведувачи како Елтон Џон , Пол Меккартни , браќата Еверли , Род Стјуарт, групата Чикаго и Питер Фрамптон”. Од друга страна , музичкиот критичар Џорџ Старостин, оваа музика ја дефинира како поджанр на поп музиката каде што се изведуваат интересни поп песни со придружба на гитера. Старостин кажува дека терминот ,,моќен поп’’ (power pop) ,термин кој го создал Пити Тоуншенд (Pete Townshend) од групата Ху(The Who) во 1966 година ,но не се користел многу сѐ додека не почнале да го користат бендови како Бедфингер (Badfinger) во 1970-тите години) , е поп-рок поджанр и дека содржната на текстот на поп-рок ,, обично е помалку важна од музиката “. Низ историјата се појавиле рок изведувачи кои користеле елементи на поп и поп изведувачи кои, како основа за нивната работа, изведувале рок музика.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment