Saturday, May 14, 2011

Сурф музика

Инструменталниот рокенрол кој за прв пат го изведувале изведувачи како Дани Еди (Duane Eddy), Врска Врај и Вентурите (The Ventures) го развил Дик Дали кој додал различни ,,влажни’’засилувачи . Исто така се внесле и делови од средноевропски и мексикански стилови и врз основа на тоа настанал и регионалниот хит во 1961 година ,, Let's Go Trippin’’ . По примерот на Дали и неговиот бенд Дел-Тонес, во Јужна Калифирнија се формирале и бендовите како Бел-Арис (Bel-Airs), Чаленџерс (the Challengers)и Еди и Шоуменот(Eddie & the Showmen) . Во 1963 година ,песната ,,Pepelin’’ на групата Шантајс (Chantays) се нашла на врвот на листата на национални хитови , а најверојатно најпопуларниот сурф хит, во 1965 година, била песната ,, Wipe Out’’ на Сурфарис (Surfaris). Со зголемувањето на популарноста на овој жанр,се појавиле и многу други групи. Меѓу нив и групата Астронаути од Боулдер- Колорадо, Трашмени од Минеаполис- Минесота кои во 1964 год.биле на 4 место на топ листите со песната ,, Surfin Bird’’ и Ривераси од Јужен Бенд - Индијана кои во 1964 год. се нашле на 5 место на топ листите со песната ,,California Sun’’. Групата Атлантис од Сиднеј -Австралија дале голем придонес за овјо жанр со нивниот хит ,, Bombora’’од 1963 год. Европските бендови во тоа време најмногу се насочувале кон рокенрол стилот кој го изведувала групата Шедоус (The Shadows).Групата Декотас (The Dakotas), кои беа британски придружен бенд на пејачот Били Џ. Крамер се сметала за сурф мексиканска заради песната ,, Cruel Sea’’ од 1963 год. Нивната работа, подоцна придонела за формифање на инструментални сурф бендови како на пример Вентурите (The Ventures). Комерционално, сурф музиката достигнала најголем успех како вокална музика , особено музиката на групата Бич Бојс (Beach Boys) , кој се формирала во 1961 година во Јужна Каролина. Нивните први албуми вклучувале инструментален сурф- рок песни како и вокални песни. Нивниот прв хит ,, Surfin’’ од 1962 година го достигнал врвот на Билборд листата со што сурф музиката прераснала во национален феномен. Од 1963 година, кога Брајан Вилсон (Brian Wilson) станал нивнниот главен композитотр и продуцент , групата почнала помалку да се интересираат за сурф мизиката и се ориентирала кон поопшти теми за машката адолесцентност вклучувајќи ги и автомобилите и девојките во песните,, Fun, Fun, Fun’’ од 1964 год. и ,, California Girls’’ од 1965 год. Се појавиле и други вокални изведувачи на сурф меѓу кои и Рони и Дајтонс со,,G. T. O.“ во 1964 год и Рип Кордс со ,, Hey Little Cobra".И двете песни се нашле на врвот на топ тен листите , но само песната ,, Surf City" на Џин и Дин во 1963 година доживеале одромен успех. Британската инвазија од 1964 година стави крај на кариерата на скоро сите сурф изведувачи. Кон крајот на 1960-тите, само Бич Бојс успеале да одржат креативна кариера снимајќи низа хит-синглови и албуми за високорангираната дискографска куќа Пет Саундс во 1966 година со што останаа единстваните рок-поп изведувачи во Америка.

No comments:

Post a Comment