Saturday, May 14, 2011
Глам-рок
Глам-рок се развил на англиската психоделична и рок сцена кон крајот на 1960-тите години и се сметал за продолжување на овие трендови или пак реакција против нив. Музички, овој жанр бил многу разновиден и варирал од ревитализирање на обичниот рокенрол од страна на изведувачи како Алвин Стардус, до сложени рок изведби на артисти како Рокси Мјузик. Може да се каже дека бил модерен музички под-жанр. Претставувал ,,смеса’’ од различни стилови, почнувајќи од од холивудскиот гламур во 1930-тите, па пин-ап сексапил од 1950-тите и т.н. Глам-рокот најмногу бил познат по својата сексуална и полна двосмисленост и по претставување на андрогеност, покрај големата употреба на театралност. Тоа го претставувале шоумени и изведувачи кои манипулирале со изгледот, па не е знаело кој е машко а кој женско како на пример американските изведувачи Кокетс и Алис Купер.Потеклото на Глам рок се поврзува со Марк Болан, кој кон крајот на 1960-тите го преименувал неговото фолк дуо во Т. Рекс и почнал да свири на електрични инструменти. Често се наведува дека ,како моментот на создавањето е неговото појавување на ТВ програмата Топ оф д Попс(Top of the Pops) во Велика Британија во декември 1970 година каде носел светкави алишта кога го изведувал неговиот прв # 1 сингл "Ride a White Swan".Од 1971 година, Дејвид Бови кој веќе бил мала ѕвезда, ја создал својата Зиги Стардаст личност и во своите изведби вклучувал елементи на професионална шминка, мимика и перформанси. Стилот на овие изведувачи подоцна почнале да го следат и други изведувачи, вклучувајќи ги Рокси Мјузик, Свит, Слејс, Мот д Хупл, Муд и Елвин Стардаст. Иако биле многу успешни на топ листите во Велика Британија, многу малку од овие музичари се пробиле на Американскиот пазар. Боуви, кој станал меѓународна суперѕвезда бил исклучок и придинел за тоа изведувачите како Лоу Ред, Иги Pop, Њујорк Долс и Џобријад да го прифатат глам стилот, попознат како "глитер рок" и почнале да употребуваат помрачни лирски содржина отколку нивните британски колеги. Во Велика Британија терминот сјаен рок најчесто се употребувал кога се зборувало за екстремната верзија на глам-рокот чии што лидери биле Гери Глитер и неговата група Глитер Бенд, кои постигнале осумнаесет топ-тен синглови во Велика Британија меѓу 1972 и 1976 година.Вториот бран на глам- рок изведувачи, меѓу кои се нашле и Сузи Кватро, Визард и Спаркс на Рој Вуд, доминирале на британските топ списоци од 1974 до 1976 година.Некои изведувачи кои не припаѓале на овој жанр, сепак го прифатија стилот глам.Меѓу нив спаѓаат Род Стурт , Елтон Џон, Квин, дури и Ролинг Стоунс.Исто така директно влијаеше врз изведувачите што подоцна стана познати, вклучувајќи ги Кис,Адам Ант, и индирекно врз формирањето на готски- рок и глам метал, како и на панк- рок,што предизвика да се стави крај на гламот во околу 1976 година. Софт рок, хард рок и хеви метал Од крајот на 1960-тите основната рок музиката почнала да се дели на софт и хард рок. Софт рок често произлегувал од фолк рок, со користење на акустични инструменти и истакнување на мелодијата и хармонијата. Голем број уметници, меѓу кои Карол Кинг, Кет Стивенс и Џејмс Тејлор го практикувале овој стил.Својот комерцијален врв го достигнал во средината и крајот на 1970-тите со изведувачи како Били Џоел, Америка и повторно формираната група Флетвуд Мак, чии што албум Руморс (1977год.) бил најпродаван албум на декадата. За разлика од овој стил, хард рокот произлегувал од блуз-рок и се свирел погласно и со повеќе интензитет.Често, водечка била електричната гитара,како ритам- инструмент за постигнување на едноставни рефрени кои се повторуваа како и водечкито соло како инструмент, при што често се користела дисторзијата или други ефекти.Меѓу главните изведувачи биле бедовите на британски инвазија како Ху и Кинкс, и изведувачи од психоделичната ера како Крем, Џими Хендрикс и Џеф Бек Груп. Меѓу хард -рок бендовите кои доживеале меѓународен успех во 1970-тите години спаѓаатТин Лизи, Аеросмит и AЦ/ ДЦ. Од крајот на 1960-тите години терминот хеви метал почнал да се користи за да опише хард рокот што се свирел уште погласно и со посилен интензитетот. Терминот за прв пат се користел за да се опише музиката на Степенволф во песната,, Born to be Wild’’ (1967 година) и почнал да се поврзува со нови бендови како Блу Чеер (Blue Cheer) од Бостон иГранд Фанк Реилрод (Grand Funk Railroad) од Мичиген. Од 1970 година три клучни британски бендови создале карактеристични звуци и стилови што помогнале за создавање на под - жанр. Лед Цепелин во нивните блуз-рок рефрени додавале елементи на фантазија.Дип Прпл вовеле симфониски и средновековен елементи во нивната прогресивна рок фраза додека пак Блек Сабад, вовеле елементи на готска модална хармонија, што помогнало при создавањето на,, мрачен’’звук. Овие елементи ги прифатила и "втората генерација" на хеви метал бендовите во доцните 1970-ти, вклучувајќи: Џудас Прајст (Judas Priest),Моторхед (Motörhead) и Рејнбоу (Rainbow) од Британија, Кис, Тед Наџент и Блу Ојстер Култ од САД , Раш од Канада и УФО и Скорпиони и од Германија.Сите овие беа исклучитело популарни во овој под-жанр. И покрај тоа што недоволно се пуштал во етерот и слабо се пластраше на топ листите, сепак, хеви металот имал голем број фанови, особено машките адолесцентите од работничката класа во Северна Америка и Европа.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment