Saturday, May 14, 2011

Прогресивен рок


Зборот прогресивен рок, кој понекогаш се заменува со уметнички рок, претставувше обид за да се надминат воспоставените музички формули преку експериментирање со различни инструменти, песни, видови и форми. Од средината на 1960-тите години групите ЛЕфт Бенки,Биталси,Ролиг Стоунс и Бич Бојс, први ги вовеле клавесин, дувачки и гудачки инструменти во делови на нивните снимки со цел да создадат некаква форма на бароокен рок. Тоа може да се забележи во песни како ,, A Whiter Shade of Pale ’’на Прокол Харум од 1967 год. каде што Бах е нивна инспирирација . Групата Муди Блуз вклучувале цел оркестар при снимањето на нивниот албум ,,Days of Future Passed’’ (1967 година) , а потоа се создале оркестарски звуци со синдисајзери.Класични оркестри, клавијатури и синдисајзери често се мешале со основната форма на рокот со гитари, бас , а во подоцнежниот прогресивен рок се кориетеле и тапани. Инструменталните верзии биле слични, додека пак, песните со стихови понекогаш имале концептуална, апстрактна содржина, или содржеле елементи на фантазија и научна фантастика. Деби-албум на групата Кинг Кримсон од 1969 год., In the Court of the Crimson King, каде се мешаат моќни гитарски рифови и мелотрони, со џез и симфониска музика, се смета за клучна снимка на прогресивен рок, што придонесло за голем прием на жанрот низ целиот свет во почетокот на 1970-тите, меѓу постојните блуз-рок и психоделичен бендови, како и новоформираната изведувачи.На Кантерберешката сцена се појавиле и голем број на изведувачи кои го следеле примерот на Софт Машин и почнаа од психодилија , па џез-влијанија, до по експанзивен хард рок, вклучувајќи Караван, Хатифелд и Норт, Гонг, и Нешонал Хелт. Голем комерцијален успех доживеала и групата Пинк Флојд , со песната ,,Dark Side of the Moon’’ (1973год.) која се сметал за ремек-дело на овој жанр и станал еден од најдобро продаваните албуми на сите времиња. По заминувањето на Сид Барет во 1968 година , оваа група како и повеќето ,,избега’’ од психоделијата.Најмногу се истакнувала инструменталната виртуозност, со групата Јес и вештините на гитаристот Стив Хови и клавијатурист Рик Вејкман, додека пак Емерсон, Лејкен Пламер биле супергрупа која ја создала една од најтешките техничка работа во овој жанр. Џетро Тул и Џенесис следеле многу различни, но јасно англиски брендови на музиката. Повеќето британски бендови меѓу кои се нашле Пинк Флојд,Џенесии Џетро Тул успеале да создадат топ-тен синглови на домашниот пазар со што се се пробиле на американскиот пазар. Американскиот бренд на прог- рок варирал од слободни и иновативни изведувачи како Френк Запа, Каптејн Бифхарт и Блад , Свет енд Тиарс, до бендови кои повеќе биле ориентирани кон поп-рок како Бостон, Форејнер, Канзас, Џурни и Стикс.Освен британските бендови Супертрамп и ЕЛО, останатите бендови кои биле под прог- рок влијание и се пласирале меѓу комерцијално најуспешните изведувачи на 1970-тите. Овој жанр создал и многу инструментални албуми како на пример Tubular Bells на Мајк Олдфил (Mike Oldfield ) во 1973 година ,кој бил првиот албум кој постигнал светски успех, чијашто продукциска куќа била Вирџин Рекордс.Овај албум, всушност го одржал овој жанр. Инструменталниот рок особено бил значаен во континентална Европа и им овозможил на бендовите Крафтверк, Тангерин Дрим, Кен енд Фагус да ја разбијат јазичната бариера. Нивниот хеви-синдисајзер "Краут рок", заедно со Брајан Ено (кој некогаш бил клавијатурист за Рокси Мјузик),имале најголемо влијание врз подоцнежниот синт-рок. Со доаѓањето на панк рокот и технолошки промени во доцните 1970-ти, прогресивниот рок се напуштил ,,под изговор’’ дека е плиток и неважен.Многу бендови се распаднале, но некои , меѓу кои Џенесис, ЕЛП, Јес и Пинк Флојд со нивните албуми продолжиле да се пласираат на топ-тен листите и да одржуваат успешни светски турнеи. Некои бендови кои се појавиле по завршувањето на панкот, како на пример Синоксис и Баншис, Ултравокс и Симпл Мајнд, биле под влијание на прог, како и под панк влијанија што можело лесно да се забележи.

No comments:

Post a Comment