Saturday, May 14, 2011

Гаражен рок

Гаражниот рок произлегува од аматерската рок музика ,а особено доминирал во Северна Америка во средина на 1960-тите. Така се нарекувал затоа што се изведувал во гаражите на куќите. Гаражниот рок опфаќал теми за траумите од средношколскиот живот ,а особено се пишувало за ,,ѓаволестите девојки”. Текстовите и самите изведби биле многу поагресивни, што не било својствено за тоа време и најчесто имало рапави и пискави вокали кои вриштеле при изведбата. Од обична едно-акордна музика ,како Сидс ( Seeds),овој тип на музика прераснал во висококвалитетна музика со извонредни изведувачи како Никербокерс (Knickerbockers) , Римејнс (Remains) и Фифт Естејт (Fifth Estate). Во многу делови на земјата се создале регионални варијации на овој тип музика со прекрасни изведби , особено во Калифорнија и Тексас. Најверојатно, најразличните регионални звуци доаѓале од Пацифичките Северозападни земји Вашингтон и Орегон. Овој стил го достигнал својот максимум на регионалните сцени во околу 1958 година. Песните ,,Tall Cool One" на Вејлерс (The Wailers) од 1959 година и ,,Louie Louie "на Конгсмен (The Kingsmen) од 1963 година се типични примери дека овој жанр бил многу познат. До 1963 година , голем број од сингловите на гаражните бендови се најдшле на националните топ списоци , меѓу кои и Пол Ревер и групата Рајдерс (Raiders) од Боис(Boise), групата Трешмен од Минеаполис и групата Риверс од Саут Бенд – Индијана . Другите влијателни гаражни бендови како Соникс од Такома –Вашингтон некогаш не се најдшле на топ листата на Билборд Хот 100. Во овој ран период , многу бендови биле под силно влијание на сурф рок со што гаражниот рок се измешал со фрат-рок кој пак ,сметаше за поджанр на гаражниот рок. Британската инвазија која се одвивала во периодот од 1964/1966 година имала големо влијание врз гаражните бендови и им обезбедила национална публика. Многу од нив (најчесто сурф или хот род групи) го прифатиле британскиот ритам. Британската инвазија го стимулирало формирањето на многу групи.Во овој период, во САД и Канада постоеле стотина гаражни групи и многу од нив создале големи регионални хитови. Пример за тоа се : песната ,,I Just Don't Care" на Д-Мен(The D-Men) од Њујорк (1965 год.), ,,The Witch" на Соникс (The Sonics) од Такома(1965 год.) ,,,Where You Gonna Go" на Анрилејтед Сегментс (Unrelated Segments) од Детроит (1967год.), ,,Girl I Got News for You" на Бирдвачерс (Birdwatchers) од Мајами (1966 год.) и ,,1-2-5" на Хаунтед (The Haunted) од Монтреал. И покрај големиот број на бендови кои се сметале за регионални заштитни знаци , повеќето од нив биле комерционален промашај. Општо е познато дека гаражниот рок го достигнал својот врв во околу 1966 година како комерцијонално така и артистички. Во 1968 година овој стил скоро да исчезнал од националните топ списоци ,но исто така и на локално ниво. Се појавиле нови стилови кои го заменале гаражниот рок како блуз-рок , прогресивен рок и кантри рок. Во Детроит гаражните бендови успеале да се задржат сѐ до раните 1970-ти со бендовите како MC5 и Стуџес (The Stooges) кои имале многу поагресивен стил. Овие бендови подоцна почнале да се нарекуваат панк рок бендови и биле про-панк и про-хард рок ориентирани.

No comments:

Post a Comment