Saturday, May 14, 2011

Основен рок,Кантри рок,и Саутерн рок

Терминот основен рок денес се користи за да се опише бегањето од психоделичната сцена кон оосновни форми на рокенрол каде се вклучени неговите оригинални влијанија особено влијанијата од кантри и фолк музиката,што водело до создавање на кантри рок и саутерн рок. Во 1966 година, Боб Дилан бил лидер на движењето кога заминал во Нашвил за да го сними албумот Blonde on Blonde. Овој и другите албуми кои биле под влијание на кантри музиката се сметаат за албуми кои го создале жанрот кантри-фолк кој понатака го следеа голем број фолк музичари (најчесто изведувачи на акустична музика). Други изведувачи кои го следеле трендот враќање на основатана биле Канадаската група Д Бенд(The Band) и групата Криденс Клирвотер Ривајвал која е основана во Калифорнија. И двете групи го мешале основниот рокенрол со фолк,кантри и блуз, со што станале најуспешните и највлијателните бендови од доцните 1960-ти. Истовремено започнале и кариерите на калифорниската соло уметници Рај Кудер, Бони Рајт и Ловел Џорџ.Тие имале влијание на работата на изведувачите, како на пример песната на Ролинг Стоунс ,,Beggar's Banquet’’ од (1968год.) и ,,Let it Be’’ на Битлси (1970 год.). Во 1968 година Грам Парсинс го снимил албумот Safe at Home заедно со Интернешнл субмарин бенд (International Submarin Band)и овој, најверојатно, бил првиот вистински кантри-рок албум. Подоцна истата година тој им се приклучил на Бјардс за песната ,,Sweetheart of the Rodeo’’ (1968 год.), која генерално, се смета за една од највлијателните снимки на својот жанр. Кантри- рок музиката била особено популарна на Калифорниската музичка сцена, каде што многу бендови, вклучувајќи ги Hearts and Flowers, Poco и Riders of the Purple Sage Beau Brummels и Nitty Gritty Dirt Band , го прифатиле ово жанр. Со прифаќње на кантри звуците, голем број изведувачи доживеале преродба. Меѓу нив се спаѓаат и : The Everly Brothers, тинејџерски идол Рик Нелсон кој кратко време бил на сцената и кој станал фронтмен на Stone Canyon Band ; поранешниот Монки Мајк Несмит кои ја формирал групата First National Band и Нели Јанг.Најголемиот комерцијален успех катри- рок музиката го доживеала во 1970-тите, со изведувачи како Браќата Дуби, Емилу Харис, Линда Ронстадт и Иглс (составен од членови на the Burritos, Pocos и Stone Canyon Band , кој станале едни од најуспешните рок изведувачи на сите времиња, со издавање на албуми меѓу кои спаѓа Hotel California (1976 год.)). Се смета дека основачи на Саутерн- рок се Алман Брадерс Бенд, кои во раните на 1970-ти развиле звуци кои во голема мера се разликувале од блуз- рок, но содржеле елементи на буги, соул, и кантри. Најуспешните изведувачи кои го следеле нивниот чекор биле Линјард Скинјард, кои помогнале да се основа имиџот на "добар стара форма" на под-жанрот и општата форма на рок-гитара од 1970-тите. Нивните наследници меѓу кои спаѓаат и Дикси Дрегс, Аутлоус кои биле под влијание на кантри музикта, Вет Вили кои биле пор-џез ориентирани и Озарк Маунтајн Дердевилс кои влкучувале елементи на R & B и црковното пеење.Откако Алманс и Ланјард Сканјар ги загубиле првите членови,овој жанр почнал ја губи популарноста кон крајот на 1970-тите години, но изведувачите како 38 Спешл, Моли Хачет и Маршал такер бенд успеале да го одржат овој жанр до 1980-тите.

No comments:

Post a Comment