Saturday, May 14, 2011
Панк рок
Пост-панкот се појавил во доцните 1970-ти и раните 1980-ти како поуметничка и попредизвикувачка музика. Освен панк бендовите, најголемо влијание врз оваа појава имале Velvet Underground, Who ,Frank Zappa и Captain Beefheart, и њујоршките бендови кои повеќе внимание посветувале на самите изведби,како бендовите James Chance и Contortions, DNA и Sonic Youth. Меѓу бендовите кои дале свој придонес во овој жанр спаѓаат бендовите од САД Pere Ubu, Devo, The Residents и Talking Heads. Во првиот бран на британскиот пост-панк припаѓаат, Gang of Four, Siouxsie и Banshees и Joy Division , и тие не посветувале многу внимание на уметноста како нивните американски колеги. Повеќе се посветувале на помрачните емоционални квалитети на нивната музика. Бендовите како Siouxsie и Banshees , Bauhaus, The Cure и The Sisters of Mercy, наголемо почнале да се преобраќаат со што го создал готскиот рок, кој станал основа за главните под-култури во почетокот на 1980-тите. Слични преобраќања направиле и австралиските изведувачи како Birthday Party и Ник Кејв. Членови на Баухаус (Bauhaus) и Џој Дивижн(Joy Division) истражувале нови стилски територија како и групите Love and Rockets и New Order. Втората генерација на британските пост-панк бендови кои се пробиле на сцената во почетокот на 1980-тите години, вклучувајќи ги , The Fall, The Pop Group, The Mekons, Echo and the Bunnymen and Teardrop Explodes се обидувале да се оддалечат од мрачните соник пејзажи.Најверојатно најуспешен бенд кој се појавил на пост-панк сцената беше U2 од Ирска, кои во нивниата антемична музика вметнале елементи на религиозни слики заедно со политички зборови, а од крајот на 1980-тите станале еден од најпопуларните бендови во светот. И покрај тоа што многу пост-панк бендови во средината на 1980-тите продолжиле да снимаат албуми и да изведуваат,панкот како движње почнал да исчезнува и групите или се распаѓале или сакале да се обидат и на другите музички сцени, но панкот продолжи да влијае на развојот на рок музиката и се смета како главен елемент во создавањето на движењата на алтернативен рок.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment